За сите љубители на кинеската кујна, денеска носиме рецепт за пилешко со зеленчук и нудли.
Потребни состојки:
- половина главица зелка, исечкана на ленти
- 1 главица кромид, исечкан на полумесечинки
- 2 парчиња морков, изрендани
- 1 мала главица брокула, расцветана
- 1 мало парче ѓумбир, излупено и изрендано
- 1 парче пилешки гради, исечкано на долгнавести парчиња
- 300 г нудли (кинески тестенини), сварени
- 1 лажица масло од сусам
- 1 лажица соја сос
- 1 лажица ворчестер сос
- 2 лажици кечап
- 1 лажица шеќер
Подготовка:
Во тавче за пржење ставете малку масло да се загрее. На загреаното масло ставете го ѓумбирот да се пропржи многу кратко, 30 секунди.
Потоа, ставете го пилешкото и пржете го околу 5-8 минути. За тоа време сварете ги нудлите.
Потоа, додадете ги зелката, морковот, брокулата, ставете малку вода и динстајте додека да омекнат сите зеленчуци. Повремено мешајте.
Кога зеленчукот ќе биде мек, додадете ги нудлите и соја сосот, маслото од сусам, ворчестер сосот и зачинете со бибер и шеќер.
Измешајте убаво и оставете малку да се спојат сите состојки.
