РЕЦЕПТ: Погача со три вида сирење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Многу вкусно пециво со сирење.

Состојки:

– 350 гр брашно

– 120 гр путер

– 2 јајца

  • 1 дл млеко

– 50 гр рендана моцарела

– 50 гр рендан пармезан

– 50 гр рендано чедар сирење

  • сол, бибер, чили и други зачини по желба

И повеќе…

– малку пармезан или чедар сирење за посипување

Подготовка:

Во сад измешајте брашно, прашок за пециво, малку сол и бибер, па додајте други зачини по ваш вкус.

Изматете ги јајцата. потоа додадете го млекото и измешајте уште малку да се соедини добро.

Во смесата од брашно, прашок за пециво и зачини додајте ладен путер исечен на парчиња, а потоа издробете го со прстите и соединете го со брашното како да замесувате кратко тесто.

Потоа додадете рендана моцарела, пармезан и чедар, па сето измешајте. На крај додадете ја смесата со млеко и јајца и замесете тесто.

Веднаш штом имате топче тесто, префрлете го на набрашнета површина. Ако вашето тесто е малку лепливо, слободно додадете брашно колку што е потребно за да работите со него.

Расукајте го на дебелина од два до три сантиметри, исечете го со поголем тркалезен метален калап и ставете го на плех.

Загрејте ја рерната на 180 степени. Пред печење, наросете уште малку кашкавал на корните и потоа ставете ги во рерна 20 минути. Готови се кога ќе добијат убава златножолта боја.