Рецепт за тестенини со пилешко и печурки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Многу вкусно јадење кое брзо се подготвува.

Состојки:

– 300 гр тестенини

  • Кромид

– 250 гр печурки

  • 4 пилешки батаци (без кожа и коски)

– чаша рендан пармезан

  • маслиново масло

– 200 мл крем за готвење

– 1 чаша бело вино

– 750 мл пилешка супа

– 1 чешне лук

Подготовка:

Лукот и црвениот кромид исчистете ги и ситно исечкајте ги. Потоа исчистете ги и излупете ги печурките и исечете ги на четвртинки.

Исечете го пилешкото на парчиња со големина на залак и испржете го во сад за рерна со малку екстра девствено маслиново масло.

Кога е готово, извадете го. Додадете уште малку масло и пржете ги ситно исечканиот кромид и лукот во истиот сад во кој сте го печеле пилешкото.

Посолете малку, па чаша бело вино и оставете да испари алкохолот. Гответе околу пет минути.

Додадете ги печурките и варете уште неколку минути. Потоа додадете го кремот за готвење, пилешката супа и зачините по желба и оставете полека да се варат.

Кога ќе почне да врие, додадете ги тестенините. Гответе околу 10 до 12 минути. Потоа додадете го ренданиот пармезан и полека мешајте да се растопи, па сосот ќе се згусне.

Извадете го од шпорет и оставете го да отстои околу пет минути. Додадете го пилешкото и измешајте да се соедини.

Послужете ги топли посипани со рендано сирење и свежо сечкан магдонос или власец.