Жителите на Долно Количани се собраа на влезот од селото за да го изразат својот револт од одлуката за поставување на фотоволтаици.
Како што ни рекоа, општината го продала земјиштето на приватна компанија, но според жителите ова место претходно било во сопственост на селото.
Жителот Алија Сали за ТВ21 вели дека со години ова место го користеле за излети, како место со чист воздух и за рекреација на децата.
-Слушнавме дека некој дошол со булдожер овде да гради, ова место е на долно Количани. Градоначалникот го претвори во градилиште затоа што сакаше да го продаде и продаде 85.000 квадратни метри. Почнувајќи од тој дел до таму е продадено на инвеститорот за поставување на фотоволтаици, вели Алиа Сали, жител на Количани.
-Не сакам да повторувам, само ќе ви кажам дека местото се продаваше за 71 денар од метар квадратен, вкупно 85313 метри квадратни. Општината нема никакви служби, ние сме биле во општината, ги доставивме во општината, не вратија, сите колеги се сведоци, вели друг жител на Количани.
За несогласувањата на жителите, градоначалникот на општина Студеничани, Азем Садику вели дека целата постапка за продажбата на земјиштето и градежната дозвола е направена согласно законот.
„За мене, како градоначалник, многу е важно тоа што на жителите не им прави никаква штета од здравствен аспект, а нема да има ниту загадување на животната средина, додека општината и државата имаат постојан интерес за оваа огромна инвестиција што се прави. Ги замолувам граѓаните да се откажат од гневот и да помогнат овој проект да започне што поскоро бидејќи сите ќе имаме корист од ваквите инвестиции“.
Инаку, инвеститор кој го купи земјиштето и работи на поставување на фотоволтаици е компанијата PSB ENERGY.
