Револуционерно: Претставен авион со три пара крилја (ФОТО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Комерцијалните авиони не се познати по напредната технологија, бидејќи тие генерално остануваат исти со децении.

Но, новиот дизајн привлекува внимание, особено што авиоиндустријата има за цел да ја намали потрошувачката и емисијата на гориво.

Концептот на новиот авион неодамна го претстави компанијата  SE Aeronautics, а нивниот пристап кон дизајнот е невообичаен бидејќи авионот има три пара крилја, двојни опашки и два задни мотори, пишува Кликс.

Станува збор за прототип СЕ200, авион кој може да собере 264 патници, и кој ќе троши 70 проценти помалку гориво од другите авиони со слична големина.

Ќе може да лета 16.900 километри без потреба од слетување, а неговата максимална брзина ќе биде нешто повеќе од 1.110 км на час. Оваа брзина е поголема од брзината на авионот од иста класа.

Исто така, дополнителен пар крилја создава поголема пловност, што резултира со пократко полетување и слетување, со што се овозможува употреба на помали аеродроми.

Новиот концептен авион нема да има гориво во своите крилја, поради што дизајнерите беа во можност да се фокусираат на потенки и аеродинамички дизајн.

Во овој случај, горивото ќе биде во резервоарот над трупот. Прототипот има интегрирана едноделна монококна структура која ќе биде посилна и побезбедна од постојната, која се распаѓа во случај на несреќа, бидејќи е составена од делови.

Покрај тоа, употребата на композитни материјали ќе го направи авионот еден од најекономичните, а неговиот животен век ќе трае 50 години.

Производството на авиони ќе биде двојно побрзо, а директорот на SE Aeronautics, Тајлер Метјуз изјавил дека концептот ќе донесе револуција во авионската индустрија.

Во изминатиов период беа презентирани неколку различни концепти на авиони насочени кон економичноста, а меѓу нив е и авионот Flying-V кој е развиен за да биде економичен, да прими 314 патници и да има долг дострел.