Рибар снимил како се почувствувал земјотресот на езеро во Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На социјалните мрежи кружи видео кое покажува како изгледа земјотресот на езеро.

Видеото го снимил рибар кој уживал на риболов на својот брод и убавото сончево време кога Петриња беше погодена од земјотрес, пишува „Дневно.хр“.

Тишината и мирот ги кршеше татнежот во далечината, а водата на езерото одеднаш се размрда.

Бродот почна да се ниша, а блиската вегетација се наведна како да дува силен ветер.

Погледнете како изгледало тоа на видео: