Репрезентацијата на БРАЗИЛ допатува како фаворити на Мундијалот во Катар, но веќе беше елиминирана од натпреварувањето во четврт-финалето, откако Доминик Ливаковиќ се истакна во пенал рулетот во голот на Хрватска. Напаѓачот на Тотенхем, Ричарлисон одигра многу добар турнир, на кој постигна три гола.
Голот со полуножички против Србија и голот против Јужна Кореја по брилијантна тимска акција се едни од најубавите на турнирот, а новата ѕвезда на Селесао реши да го промени својот имиџ по турнирот. Ричарлисон сподели приказна на својот официјален Инстаграм профил на која ја покажува својата нова тетоважа.
На грбот ги има истетовирано себе си, соиграчот Нејмар и легендарниот Роналдо Назарио, над чија глава е текстот на коментарот што на Инстаграм на Ричарлисон го остави големиот Пеле: „Го насмевнуваш цел Бразил“.

