Филип Рикер, поранешниот амбасадор на САД во Македонија, е присутен на „Преспа форумот за дијалог“ од каде испрати порака дека не е добро за кредибилитетот на ЕУ да го кочи процесот на пристапување во Унијата.
„Повеќе од една година, земјите членки на ЕУ не успеаја да ги одржат првите меѓувладини кобференции за двата аспиранти. Нема да навлегувам во позадината. Динамиката е добро разбрана од сите нас. Несоодветно е за кредибилитетот на ЕУ за билатерални прашања да го кочат процесот на пристапување во ЕУ “, рече Рикер.
