Ристовски: Македонскиот спорт е на катастрофално ниво и му треба ресетирање

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска во интервју за РСЕ оцени дека македонскиот спорт е на катастрофално ниво.

Како што вели, потребно е ресетирање.

„Генерално, во изминатите 10 години, спортот беше ставен во една позиција не можам да кажам ни потценета, пониско од потценета, бидејќи не се вложуваа доволно средства и не се размислуваше во капитални инвестиции во делот на спортот, коишто се основа на еден спорт, нити се водеше грижа за сите оние спортисти кои што беа успешни, многу малку или беа таленти на нашата држава. Така што во овој момент спортот во Македонија би го оценил како катастрофален или на многу ниско ниво, затоа што, едноставно ако се навратиме многу години наназад, освен поединечни блесоци, како што е освојувањето на таеквондистот Дејан Георгиевски, освојувањето на медал на Олимписките игри, поголеми резултати и да сме немале и во колективните и во индивидуалните спортови. Така да, кога се ќе се собере и одземе, мислам дека на спортот му треба еден комплетен рестарт и тоа е она кон кое што се стремиме и сакаме да го направиме“, вели Ристовски.