Владата ветила 139 мерки за подобар живот на граѓаните, за една година реализирала 18 ветувања или само 13% од нив. Ова го покажа истражувањето на платформата „Компас“ која ја следи реализацијата на ветувањата во пет области, социо-економски, образование, здравство, млади и жени. Истражувањето покажало дека 51 мерка или 37 % се во фаза на реализација. Од ветувањата за жени и демографија не била исполнета ниту една мерка.
-Најголем напредок има во секторот образование каде што има 24 проценти од мерките исполнетост. Дополнителни 70 проценти кои што се во насока на исполнување. После тоа следат социо – економските мерки, каде што имаме реализација со 9 проценти слично како и политиките за млади. Во секторот за здравство имаме поумерена динамика на реализацијата, каде што има реализирани три мерки и 5 се во насока на реализација, изјави Благица Петрески „Finanse think“.
Од социо-економските ветувања кои биле 43, исполнети се само 4. И тоа само во во делот на непроменети даночни стапки и зголемувањето на пензиите за 5.000 денари.
Петрески предупредува дека има ризици за остварување на ветувањата особено кај буџетскиот дефицит и јавниот долг. Предупредува дека јавниот долг може да се зголеми до 3 проценти ако не се менаџираат правилно проектите кои ќе се финансираат со Британскиот кредит. Потенцијален ризик е и инфлацијата.
-Проекцијата на Влада е дека ќе имаме стапка на инфлација од 2,5%, додека прв квартал го започнуваме со 4,2%. Затоа јас неколку пати нагласив дека ова е една од мерките која што крие потенцијален ризик за влошување на исполнувањата и Владата треба да обрне внимание, изјави Благица Петрески „Finanse think“.
Наодите од истражувањето на платформата КОМПАС се за првата година од мониторингот на Владините ветувања за периодот 2024–2028 година.
