Влошена е состојбата кај дваесет и седум годишната родилка од Куманово која пред седум дена се породи на скопска гинекологија и беше префрлена на инфектина поради позитивниот тест на коронавирус.
„На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 4 пациенти, во моментов се хоспиталицирани 67, од кои 6 се на механичка вентилација, 12 се со потешка слика и за жал има влошување на состојбата и на родилката од Куманово таа се уште е респираторно самостојна, но значајно полоша клиничка слика и радиографски наод на белите дробови. Интензивно се прати нејзината состојба“, истакна Венко Филипче.
На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти. Пациент од Куманово на 52 годишна возраст, пациентка од струко Лабуништа на 65 години, пациентка од Челопек – Тетово на 62 годин и една пациентка од Штип на 81 година. Во Куманово дома почина уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години.
Вкупно 29 лица се ново заразени, од кои најголем број се во Скопје – 15, Куманово -7, Прилеп – 1, Струга 3 и Кочани – 3.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 599 лица. Доктор специјалист од Одделението за урологија во Општата болница Куманово е позитивен на коронавирус, потврдија од Центарот за јавно здравје во Куманово.
„Во изминатите 24 часа има 7 позитивни на коронавирус во Куманово. Меѓу нив е и еден лекар од одделението за урологија. Тестирани се 75 здравствени работници од градот и кога ќе дојдат резултатите ќе покажат каква е состојбата“, додава Атиф Љатифи.
Вкупниот број на заболени во Куманово се искачи на 128 заболени и 7 починати од коронавирус. Во текот на денот направени се 25 тестови преку матичните лекари на Мој термин и со индикација 18 тестови. Во Кумановската болница има вкупно 700 вработени, и покрај 19 кои се заболени од коронавирус нема друг персонал кој е во самоизолација.
