50 ученици од село Клуковец, велешко, немаат друго решение. Поради тоа што нема услови не можат да следат онлајн настава. Не можат ниту со физичко присуство бидејќи и училишниот објект не ги исполнува елементарните услови. Наставникот од училиштето, Ремзи Тахири вели дека доколку не се преземат мерки за изградба на училиштето, самите жители се подготвени да го изградат училиштето.
„Ако не продолжат да го градат новиот училиштен објект, тогаш ќе мораат родителите да го урнат објектот со свои средства и со свои средства исто така да ја започнат изградбата на новото училиште. Ова е последниот договор со општината и градоначалникот на Велес, ако не започне изградбата на училиштето, родителите се решени да го урнат објектот и да изградат нов“, посочи Ремзи Тахири.
Заменик министерот за образование Арафат Шабани вели дека ќе ги посети сите албански општини за да види каква е состојбата.
„Јас се надевам следните денови да направам внатрешна ревизија од аспект кои проекти заостанале, кои почнале а кои се прекинати, до каде се анализите за потребите на селата каде како што најавив сам лично ќе отидам и ќе ги посетам, од Липково до Струга“, посочи Арафат Шабани.
Екс министерот за образование Арбр Адеми конкретно за училиштето во Клуковец, општина Велес, изјави дека парцелата каде што треба да се гради училиштето, има проблем. На училишната парцела има едно трло кое треба да се отстрани за да може да се гради школото.
