Од почетокот на штрајкот во образование, неколкумина родители се пожалиле кај Народниот правобранител поради немање настава низ училишта, информираше Народниот правобранител, Насер Зибери. Како што вели, во една од претставките на родителите пишувало дека тие го поддржуваат штрајкот на наставниците, но бараат омбудсманот да преземе мерки за продолжување на наставно-образовниот процес.
Зибери ја повика Владата да продолжат преговорите со синдикатот на просветните работници со цел да се изнајде решение, а истовремено да се работи и на подобрување на материјалната состојба на сите вработени во образование. Министерот за образование пак, Јетон Шаќири, рече дека денеска разговарал со првиот човек на СОНК, Јаким Неделков. Шаќири ги повика наставниците уште еднаш да ја преиспитаат одлуката за прекин на наставата и да ја имаат предвид понудата за покачувањето на платите за 10%.
Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека е доволно да се споредиме со земјите од регионот и ќе видиме до каде сме со платите на наставниците. Апелира Владата да изнајде итно решение.
На денешната владина седница, министерот Шаќири ќе информира за состојбата во образование и заклучоците ќе бидат пратеник во СОНК, но не прецизираше дали на седницата ќе се разгледува нов процент кој би му бил понуден на Синдикатот.
