Роднините пред агенцијата „Беса транс“ во Скопје – бараат одговор за нивните блиски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Рано утрово роднините дојдоа пред агенцијата „Беса Транс“ во Скопје. Пред вратите беа распоредени полициски сили, а агенцијата беше затворена. Тие побараа одговор за нивните блиски, во надеж дека не се меѓу жртвите кои го загубија животот во стравотната трагедија.

„Тука сум поради синот на чичко ми. Сѐ уште немаме точна информација, сѐ уште чекаме.  Тој е водич таму… Во тешка состојба сме, не можеме да зборуваме“, вели роднина.

Роднина: Сопругата и сопругата на брат ми.
Н.: Ви потврди некој нешто?
Роднина: Беа во автобус, ги видовме имињата на оние кои беа во автобус.
Н.: Од компанијата немате никаков одговор?
Роднина: Не не, сѐ уште ништо. Не се јавуваат ниту на телефон.

Се обиделе да стапат во контакт со претставниците на агенцијата и преку телефон, но безуспешно.

„Утрово тргнав за на работа кога ја видов веста на Фејсбук. Од моментот кога ја видовме веста веднаш се сетив дека таму е мојот братучед. Почнавме да се интересираме, речиси 4-5 часа немаме никаква информација. Го побаравме бројот на сите агенции на „Беса транс“, но не се јавуваат на телефон“, вели роднина. 

Многумина кои немаат никакви информации за нивните блиски, се упатија кон Бугарија за одблиску да дознаат што се случува со нивните роднини.