Ролан Гарос 2023: Новак Ѓоковиќ ја освои 23. Грен слем титула

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новак Ѓоковиќ одамна влезе во аналите на светскиот тенис, а денеска на 11 јуни во Париз ја изгравира 23. Грен слем титула за вечноста на тенисот.

Тенискиот ветеран (36) во финалето на Ролан Гарос го совлада борбениот Норвежанец Каспер Руд со 3:0 во сетови (7:6, 6:3, 7:5) и ја освои третата титула на Отвореното првенство на Франција.

Ѓоковиќ стана и најстариот победник на Ролан Гарос на сите времиња.

Ѓоковиќ од понеделник повторно ќе биде светски рекет број еден.

Каспер Руд (24) не беше ни роден кога Ѓоковиќ на само четири години почна да тренира тенис, а Норвежанецот имаше само 10 години кога Србинот го освои својот прв Грен слем.

За Ѓоковиќ ова беше 34. Грен слем финале – најголемиот турнир во светот, а на Рудо трето, второ по ред на Ролан Гарос, а минатата година загуби од Рафаел Надал.

Норвежанецот досега не успеа да круниса добра партија со титула на еден од најголемите светски турнири.

Ова не беше најдобриот меч за Ѓоковиќ во финале на Грен слем, но тој уште еднаш покажа дека може да одговори на притисокот, да излезе од речиси невозможна ситуација и да потврди дека е голем шампион.