Романија во средата вечерта подигна четири борбени авиони, откако неколку руски беспилотни летала извршија напади на украинска територија во близина на југоисточната романска граница, соопшти романското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека поради нападите на руски беспилотни летала, издадено е предупредување за воздушна опасност во пограничната област на окрузите Тулче и Галати, пренесе Аџерпрес.
Забележано е и дека романските радари околу 00:30 часот идентификувале дека руско беспилотно летало накратко преминало во романскиот воздушен простор на околу еден километар во близина на градот Рени, а потоа се упатило кон украинскиот воздушен простор.
ФОТО: Архива
