Романската владејачка коалиција составена од левичарски социјалдемократи и централно-десничарски либерали денеска објави дека претседателските избори ќе се одржат на 24 ноември и 8 декември, додека парламентарните избори ќе се одржат на 1 декември.
Се очекува двете партии да продолжат да бидат во коалиција и по парламентарните избори, но веројатно ќе предложат посебни кандидати за наследник на претседателот во заминување Клаус Јоханис, пренесува Ројтерс.
Ова е втор и последен претседателски мандат за Јоханис, кој своевремено беше на чело на Либералната партија.
Опозициската екстремно десничарска група Алијанса за Унијата на Романците (АУР) се појави како трета најпопуларна партија.
