Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на неговата посета на Еквадор изјави дека Соединетите Американски Држави ги предупредиле другите земји дека признавањето на палестинска држава ќе предизвика повеќе проблеми.
„Им кажавме на сите тие земји, на сите им кажавме, ако ја прифатите оваа приказна за признавање, сè е лажно, дури не е ни реално. Ако го направите тоа, ќе создадете проблеми“, рече Рубио од Кито, каде што се сретна со еквадорскиот претседател Даниел Нобо и други високи еквадорски функционери, според Ројтерс.
Тој оцени дека во случај на признавање на Палестина, „ќе има реакции што ќе го отежнат постигнувањето примирје, па дури и акции од типот што веќе се видени“.
