Русија ги бојкотира натпреварите на Украина на Европското првенство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Цела Европа деновиве ужива во натпреварите на Европското првенство што се одржува во Германија. Руската репрезентација поради агресијата врз Украина не учествува на ЕВРО, но и покрај тоа, телевизијата „Меч ТВ“ од Русија, ги има откупено правата за пренос.

Меѓутоа исклкучок се натпреварите кои ги игра Украина, како што тоа е денеска кога Украинците играат против Романија.

Русите донесоа одлука да ги бојкотираат сите натпревари на Украина во групната фаза. Украина игра денеска против Романија, а потоа против Словачка на 15 јуни, за натпреварите од групната фаза ги заврши со дуелот со Белгија, кој е закажан на 26. јуни.