Русија го одликуваше Ким Џонг-Ун

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-Ун е одликуван со руски медал за придонес околу чувањето на спомените на советските војници, кои погинале во 1945 година во текот на ослободувањето на Кореја.

Рускиот амбасадор Александар Мацегор го врачи медалот на министерот за надворешни работи Ри Јонг Хоу на церемонија во Конгресната палата во Пјонгјанг.

После церемонијата амбасадорот и министерот за надворешни имале краток разговор во кој потврдија дека во следниот период ќе ја интензивираат меѓусебната соработка согласно договорот од Владивосток потпишан минатата година.