На барање на Русија и Кина, денеска ќе се одржи итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации, откако Соединетите Американски Држави и Израел започнаа напади врз Иран, соопштија дипломати од ОН.
Дипломати за Ројтерс изјавија дека Советот за безбедност, кој има 15 членки, ќе се состане во 16:00 часот по локално време во Њујорк, а со состанокот ќе претседава Велика Британија.
Руската мисија при ОН соопшти дека Русија и Кина побарале итен состанок „во врска со неиспровоцираниот чин на вооружена агресија на Соединетите Американски Држави и Израел против Исламската Република Иран“.
