Руските сили извршија напади со беспилотни летала и ракети врз централна и јужна Украина, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски се состана со американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери во Вашингтон, објави германската новинска агенција ДПА.
Според украинските воздухопловни сили и воените набљудувачи, нападите биле насочени кон централниот украински регион Полтава, поточно индустрискиот град Кременчук.
Неколку десетици дронови и најмалку две балистички ракети беа испукани кон регионот.
Според извештаите, балистичка ракета погодила цел во јужниот украински регион Одеса.
Деталите за штетите или жртвите се уште се нејасни.
Во меѓувреме, пријавени се напади со украински беспилотни летала во рускиот Волшки регион.
Руските медиуми објавија, повикувајќи се на гувернерот на Волгоград, Андреј Бочаров, дека остатоците од дронот предизвикале пожари во рафинерија за нафта и оштетиле болница, но нема пријавени повредени.
Летовите на аеродромот во Волгоград се привремено прекинати.
Morning in Kremenchuk.
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) August 19, 2025
Massive russian attacks with cruise missiles and drones.
putin doesn't want peace. pic.twitter.com/yO91o01Brq
