Руските воени авиони кои летаат во близина на Алјаска биле следени од американската војска, соопшти денеска Северноамериканската воздушна команда (НОРАД).
Во соопштението се наведува дека рускиот авион никогаш не навлегол во американскиот или канадскиот суверен воздушен простор и дека овие авиони не се гледаат како закана, пренесе Си-Би-Ес.
Американските власти не го прецизираа типот на руските авиони кои се забележани, ниту нивниот број.
