Обвинителката Вилма Рускоска, по денешното рочиште за „организаторите на 27-ми април“, истакна дека настаните во САД во Конгресот минатата недела, многу потсетуваат на оние на 27. април 2017 година во македонското Собрание.
„Кога ги гледав настаните во САД, и упадот во Конгресот, има многу допирни точки со настаните од 27. април кај нас“, рече Рускоска.
На денешното рочиште сведочеа поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ, кои беа едногласни дека настанот не бил „управуван“ од зградата на партијата.
Денеска исказ дадоа меѓудругите и екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, и екс министерот за здравство Никола Тодоров.
