Руте: Ниту една членка не може да го не го реализира планот за зголемување на буџетот во одбраната

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Марк Руте, шефот на НАТО рече дека ниту една членка на Алијансата не може да го одбие зголемувањето на трошоците за одбрана на 5%.

На самитот во Хаг, се очекува членките на НАТО да го одобрат зголемување на буџетот за одбрана на 5% од БДП.

„Во НАТО не постои можност да не се учествува, и НАТО не склучува договори. Од клучно значење е секоја членка да го носи својот дел од товарот“, изјави Руте.

Шпанија пред неколку дена објави дека постигнала договор со НАТО за да биде исклучена од новиот план за трошење. Премиерот на Шпанија, Предро Санчез рече дека ветувањето за трошењето нема да се однесува на сите членкиу.

Руте призна дека достигнуваењто на целта 5% од БДП, ќе биде „тежок процес“ со оглед дека и други членки имаат проблем на издвојување на дополнителни милијарди долари за одбраната.

Трамп пред неколку дена изјави дека дека САД долги години го носеле товарот на НАТО, и сега е време и сојузниците да преземат дел голем дел од товарот.

„НАТО ќе мора да се справи со Шпанија“, изјави Трамп и додаде дека и Канада плаќа помалку.