С. Македонија на 6 место во светот по смртност од коронавирус – во декември најголем број починати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Почетокот на една година е период во кој сублимираме што се случувало во изминатата. 2020 година ја одбележа коронавирусот. Па затоа во продолжение ќе направиме анализа за тоа што се случуваше и како во последните недели од старата година се развиваше вирусот корона.

На оваа мапа се прикажани државите според изработена мапа од агенција Ројтерс. Македонија заедно со сите останати земји од Балканскиот полуостров се обележани со бела боја, што означува дека во последната недела бројот на заразени лица со коронавирус, како и починати драстично е намален за разлика од последните месеци. Се уште со црвена боја се обележани државите од запад како Шпанија и Италија, додека и држави кон Унгарија бележат се уште активни случаи со коронавирус, односно пандемијата која што ја одбележа 2020 година.

На следниот слајд ќе направиме анализа на она што значи број на починати на 1 милион жители. Тука Македонија е на шестото место според бројот на починати на 1 милион жители со 1224 случаи. Пред нас се наоѓаат Италија, БиХ, Словенија и Белгија. А на првото место Сан Марино со 1825 случаи. После над следуваат Чешка, Перу, Бугарија и Велика Британија со 1108.

На следниот график ќе направиме анализа на бројот на новозаразени и бројот на тестирани случаи, односно лица на кои им е земен брис за анализа. Го анализиравме периодот од 2-ри декември па се до 29-ти, односно крајот на месецот. Најголем број на тестови се направени во првата недела од месец декември 17.437, а од нив позитивни биле 6.516 тестови. Како доаѓа крајот на месецот така се намалува бројот на тестови, но се намалува и бројот на заразени лица. Во последната недела од 13.027 тестови, само 3.115 лица била позитивни на коронавирус.

Во следниот график правиме увид на позитивни лица од вкупно направени тестови, исто така и на оваа графика може да забележиме дека во неделата од 23-ти до 29-ти декември бележиме намалување на бројот на позитивни случаи. Ако месец декември сме го започначе со 37%, месецот го завршуваме со 23%. Овој континуитет го имаме и во месец јануари.

Што се однесува пак до бројот на починати, рекордни имавме во месеците ноември и декември. Впрочем, ноември и декември имаме починати лица повеќе од почетокот на пандемијата во месец март, кога започнавме со 9 починати на месечно ниво, за крајот на годината да го завршиме со 783 во декември, 769 починати лица во месец ноември.

За да продолжи овој позитивен развој на коронавирус, треба да останеме дома и да ги почитуваме мерките.