Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека е можно Соединетите Американски Држави да се вклучат во израелско-иранскиот конфликт, наведувајќи дека Вашингтон во моментов не е вклучен во тој конфликт.
„Можно е да се вмешаме“, рече Трамп во интервју за АБЦ.
Зборувајќи за неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во саботата, Трамп рече дека е отворен за Путин да посредува во конфликтот меѓу Израел и Иран.
„Тој е подготвен. Ми се јави за тоа. Разговаравме за тоа долго“, рече Трамп.
