Многу честитки за „новата“ функција.
„Честитки за Фрчковски. Може на професорот ќе му се смачи од волку честитки, ама па секој ден човек не оди за амбасадор во Вашингтон.“, напиша Тричковски.
Но, Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека немало повод за честитки.
„Името на професорот Фрчкоски дека е кандидат за амбасадор беше во медиумите информацијата дека се повлекува е повторно од медиумите, во ниту еден момент ние не сме кажале дека е кандидат, дека е отфрлен или прифатен, затоа што процедурите за именување на кандидати за амбасадори, се до потврдување на агреманот се во дискреција.“, изјави Османи.
Овие податоци се класифицирани, па поради тоа јавноста нема точни информации. За премиерот Заев, ова се е шпекулација, а опозицијата прашува кој е долгот на Заев кон Фрчковски.
„Фрчкоски е синоним за се, само за амбасадор на Македонија, не. Заев мора да одговори дали сега откако Фрчкоски е одбиен од Вашингтон планира да го награди со позиција амбасадор во Белград или пак да го награди со позиција уставен судија. Кој е долгот на Заев кон Фрчкоски опишан, како соработник на мафијата, тепач на жени, па ја брука Македонија.“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Фрчкоски не е член на СДСМ, но во изминатите децении бил на високи државни функции – министер за внатрешни работи во времето на атентатот врз претседателот Грлигоров, потоа и министер за надворешни работи, советник на поранешни претседатели…
Македонија нема амбасадор во Вашингтон повеќе од три години, откако измина мандатот на последниот амбасадор Васко Наумовски.
