САД станаа првата земја која го надмина бројот од 1.000 починати лица во еден ден. Бројот на заразени во Светот го надмина бројот од 1 милион.
Во последните 24 часа починале 1.169 лица, објави Универзитетот Џонс Хопкинс. Истиот универзитет објави дека 6,6 милиони Американци останале без работа, а 90% од населението живее во „карантин“.
Голем број на фабрики, приватни фирми и компании не работат во моментов. Економистите предвидуваат дека економската криза би можела да достигне ниво на Големата депресија пред 90 години.
Во САД досега има над 245.000 заразени, најмногу на светот и над 6.000 починати.
