САД воведоа санкции за група ирански петрохемиски компании поврзани со Азија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерството за финансии на САД синоќа соопшти дека вовело санкции против група компании и физички лица од Иран, поради продажба и транспорт Иранска нафта и петрохемиски производи во Источна Азија.

Со санкциите се опфатени  неколку компании, меѓу кои и петрохемиската компанија „Џем“ со седиште во Иран. Наводно компанијата извезла производи во вредност од стотици милиони долари низ Азија, вклучително и Кина.

Од физичките лица, санкционирани се двајца Иранци кои живеат во Обединетите Арапски Емирати.

Американскиот Стејт департмент инаку воведе мерки против пет компании и 15 физички лица во Иран, Виетнам, Сингапур, Хонг Конг и Емиратите.

„Бидејќи Иран не го менува курсот, ние ќе продолжиме да ги користиме овластувањата за санкционирање на извозот на нафта, нафтени деривати и петрохемиски производи од Иран“, соопшти американското Министерство.

Санкциите се воведени согласно извршната наредба на поранешниот претседател Доналд Трамп од 2018 година.