Коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива има нов кандидат за градоначалник за Општина Боговиње која досега ја водеше Албон Џемаили.
Кандидат за градоначалник ќе биде Садик Сулејмани кој беше избран вчера вечер на партиското Собрание кое се одржа во Боговиње.
„Алијанса за Албанците и Алтернатива со мнозинство гласови избраа нов кандидат за градоначалник на Боговиње, Садик Сулејмани. Актуелниот прв човек на општината Албон Џемаили му честиташе на новиот кандидат и му посака успех во кампањата, ветувајќи негова поддршка. Во пресрет на локалните избори според состојбата на терен, Алијанса за Албанците уште еднаш покажа демократска вредност, каде што секој член има право да се натпреварува“, соопштија од Алијанса за Албанците.
