Сајли „спречуваат“ рушење на ѕид од зграда во центарот на Загреб

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Четири сајли поставени на ѕид од стара зграда, спречуваат да се сруши и да направи огромни проблеми.

„Ова е страшно. Не знам како можеле вака да ја остават. Па тоа е двор на градинка. Без зборови сум“, изјавила за „24сата“ жителка на улицата на која се наоѓа зградата.

Ѕидот се одвоил триесетина сантиметри од конструкцијата, па вака е осигурана да не се сруши, но тоа не е решение.

Станарите се шокирани, властите ќе мора брзо да реагираат, затоа што може да падне и да направи големи проблеми.

„Уште паѓаат парчиња од фасади по градот, а замислете да се сруши ѕид. Некој би можел да настрада“, велат за порталот жители на Загреб.