Шабан Салиу од Демократски сили на Ромите вечерва гостува во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 каде разговараме за тоа каква е позицијата на Ромите во Македонија.
Го прашавме и колку Роми има во Македонија кои се на високи позиции, а Салиу одговори дека не памти, како во овие 6 години, уништување на ромското прашање.
„Да нема ниту еден Ром пратеник не е во ред од големите политички партии“, вели Салиу
Тој додаде дека од друга страна виновни се и некои лидери од ромската заедница кои за ниски позиции влегуваат во власта и сметаат дека мора да останат таму.
