Од 193 земји на Обединетите нации, до 2. април само 18 земји во Светот не пријавиле ниту еден случај на коронавирус, пренесува „Би-Би-Си“, потпирајќи се на податоците на универзитетот „Џонс Хопкинс“.
Тие 18 земји се: Комори, Карибати, Лесото, Маршалски острови, Микронезија, Науру, Северна Кореја, Палау, Самоа, Сао Томе и Принципе, Соломоски острови, Јужен Судан, Таџикистан, Тонга, Туркемнистан, Тувалу, Вануату и Јемен.
Стручњаците се сложуваат дека во голем број од овие земји имаат случаи на коронавирус, но истите не се пријавени.
