Учениците во нашата земја имаат основни знаења за финансиските концепти, но немаат доволно знаења за нивно применување, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска, додавајќи дека според ОЕЦД, околу 56% од населението е финансиски писмено, што е незадоволително ниво.
„ Затоа, Министерството, главно преку Бирото за развој на образованието, но и со Народната банка, Министерството за финансии, ДАП, Здружението на банки во Македонија и други институции, развива програми со кои младите од најрана возраст учат како да управуваат со своите средства или со средствата што им се на располагање, како да штедат, како да инвестираат, како да ги оценат ризиците и како да управуваат со нивните финансии“, порача Весна Јаневска.
Директорката на Бирото за развој на образованието, Милка Тримчевска, изјави дека целта на овие програми е учениците за време на образовниот процес да стекнат знаења и вештини за финансиско управување, создавајќи индивиди кои во иднина ќе носат одговорни и информирани финансиски одлуки.
„Бирото, како институција позната во рамките на своите надлежности, работи на заштита на програмата за заштита на потрошувачите во соработка со соодветните институции, ја подобрува целината, односно работи на подобрување на можностите за време на образовниот процес, за учениците да стекнат знаења и вештини за финансиско образование“, вели Милка Тримчевска.
„Финансиските знаења“ постојат како изборен предмет од 4-то до 9-то одделение.
