Самохрана мајка со три деца бара помош, едно дете парализирано, има потреба од терапија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Четири члено семејство Нукиќ од Чаир сe на работ на егизтенција. Немаат пари да ја платат киријата, а имаат потреба и од храна и облека. Самохраната мајка Мирзета Нукиќ бара помош од хуманите луѓе да им помогнат колку што можат.

„Живеам во Топанско под кирија со три деца, самохрана мајка сум. Имам болно дете, не работам никаде. Немам никаква парична помош. Немам државјанство на Македонија. По потекло сме од Босна. (10-47) 16 години живеам тука и немам државјанство, имам предадено документи ама ме одбиле затоа што не ги исполнувам условите. Не сум имала финансиски примања ништо.“, рече Мирзета Нукиќ.

Мирзета да им обезбеди парче леб на децата чисти по домови, но сега поради корона вирусот никој не ја бара.

„Имало денови кога не сум имала ниту 20 денари, леб да им купам на децата или млеко. Ништо, ништо“, изјави Мирзета.

Таа има три деца од кои и 11 годишниот Адан кој од неговата 3 годишна возраст останува парализиран по сообраќајна несреќа. Осум години е неподвижен и има потреба од лекови.

„Ги молам сите хумани луѓе кои можат да ми помогнат и за лекувањто за детето и за кирија. Живееме во една соба со еден душек, шпорет и садопер“.

Ова семејство нема право ни на социјална помош затоа што мајката нема македонско државјанство туку само дозвола за престој. Нејзиниот сопруг починал во собраќајна несреќа минатата година и моментално се без никакви примања. Се обративме до ценарот за социјална работа од таму ни ветија дека ќе во понеделник нивните екипи ќе го посетат семејството.

Телефонски број +38970951253

Танскакциска сметка: 210501731350139