Ова е Силвана Јовановска која е самохрана мајка на 3 годишно девојче. Без работа, без никакви месечни приходи и помош од државата, таа бара каква било помош. Вели дека вратите и се отворени за секаква помош, но дека најмногу и треба уредување на бањата која нема ни минимални услови. До сега неколку пати стигнала помош, но тоа не е доволно за живот.
Јовановска е разведена, а бидејќи процедурата за развод е скапа таа не може да започне постапка за развод. Тоа е и причината зошто не може да добие социјална помош која ја зема мажот и, вели таа. Бидејќи нема кој да и ја чува ќерката, таа не може да работи, а градинка н е може да си дозволи.
Нејзиното семејство не живее блиску за да и помогне. Вели дека кажуваат предрасуди дека лаже и ја злоупотребува ситуацијата и ќерка и.
Поради неплатени сметки, може да остане и без електрична енергија, а и без храна, оваа мајка бара помош од секого кој е во можност да и помогне и барем малку да и ја врати насмевката на лицето на ќеркичката.
