Денеска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостува специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.
Го прашавме дали „измачил некого“ при посетата на Македонија, во однос на неодамнешниот коментар на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за посетата на високиот американски дипломат Габриел Ескобар дека власта ги повикува меѓународните претставници да му вршат притисок и тортура околу уставните измени.
На ова Сарацин одговори дека германската надворешна политика никогаш не измачува, односно се обидуваат да ги убедат со добри аргументи.
Модератор: Кога веќе разговаравме имавте средба со г. Мицкоски. Можете да ни кажете нешто?
Сарацин: Мислам дека не се почувствува измачено.
Модератор: Добро. Ќе го прашаме.
Сарацин порача дека ни тој не бил измачуван.
Целото интервју можете да го погледнете вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 во 21:30 часот.
