Екс војникот на ОВК, Блерим Рамадани денеска избегал од куќен притвор од домот на роднини во Македонија, пишува СДК.МК.
По жалба на Обвинителството, како што дознава порталот, денеска тројца судии од кривичен совет му одредиле на Рамадани ефективен притвор од 30 дена поради опасност да избега.
Како што велат, некој од Кривичниот суд му дојавил на Рамадани дека ќе се враќа во Шутка, па тој истиот момент го искористил за да избега од Македонија.
Рамадани беше уапсен на 17 јули 2024 на граничниот премин Јажинце, по потерница од Србија поради сомнежи за злосторства во војната на Косово пред 25 години, и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка.
