СДСМ со критики за работењето на новата градоначалничка на Скопје Данела Арсовска. Велат дека таа покажува неспособност а првите два месеци покрај што не работи ништо, туку и ги прекинува започнатите проекти од претходниот градоначалник Петре Шилегов.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски застана во одбрана на градоначалничката Арсовска. Тој во гостувањето на магазинот Клик Плус на ТВ21 рече дека мостот не може да се гради затоа што завршува во куќа и сега е добар за ловење риба.
Арсовска која откако е избрана за градоначалничка на Скопје не се појавила во јавност и е недостапна за медиумите,. Деновиве одржа само краток брифинг на кој во врска со мостот АСНОМ изјави дека оттаму може само да се лови риба.
