Политичките партии во владина коалиција предводена од СДСМ и ДУИ, предложија потпишување на заеднички манифест преку кој ќе се даде поддршка за водење преговори за полноправно членство во ЕУ и преку кој се повикува на обединување на сите политички партии, реферирајќи на поддршката за уставните измени од ВМРО-ДПМНЕ која се уште настојува дека нема да гласа за истите.
Од ДУИ велат дека време е за обединување на сите политички партии, неполитички субјекти и НВО со цел ефикасно водење на преговорите за пристапување во Европската Унија.
„Во манифестот се наведуваат повеќе аргументи кои се од витално значење за целото општество, а преку кои се обврзуваме пристапните преговори да завршат во најкраток можен рок, притоа заштитувајќи го идентитетот, традицијата, јазикот и општествените вредности на граѓаните и заедниците во земјата.“, велат од ДУИ.
Дел од Манифестот е и Алијанса за Албанците. Истакнуваат дека интеграцијата на земјата во ЕУ е стратешка цел на АА, а за тоа дале поддршка и кога биле во опозиција, а и сега кога се на власт.
„Алијанса за Албанците смета дека е време да ги обединиме сите политички партии, аполитички субјекти и невладини организации преку овој важен чекор на потпишување на заедничкиот Манифест, со кој сите ќе се заложиме за ефикасен и квалитетен развој на преговорите за членство во ЕУ3, велат од Алијанса за Албанците.
Манифестот го објави и СДСМ. Од таму велат дека ова е добра основа за изградбата на обединување во врска со иднината на земјата.
„Во Манифестот е јасно наведено дека политичките партии во Собранието, без разлика од составот на владејачкото мнозинство, се обврзуваат да соработуваат, но и да го водат преговарачкиот процес целосно отворено и транспарентно со цел најшироката јавност да биде во можност да го изрази своето мислење по однос на условите за членство во Европската унија. Сега треба да се направи чекор напред, да се донесе одлука за усвојување на уставните измени и побрзо членство во ЕУ.“, е ставот од СДСМ.
Според македонската опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, ова покажува дека со овој документ нема никаков напредок во реализирањето на стратешките интереси на државата и дека има недостиг на капацитетот за постигнување консенсус.
Потписнички на овој Манифестот се 12 парти, сите се дел од владеачкото мнозинство.
