„СДСМ, ДУИ, Беса и ДПА, завршена работа“ – Лала: Ахмети ќе попушти за премиер Албанец

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СДСМ, ДУИ, БЕСА и ДПА се договориле за формирање парламентарно мнозинство. Вака вели политичкиот аналитичар Арбен Лала. Тој вели дека ДУИ попуштила за премиер Албанец и дека на 13 август ќе се формира владата.

„Според она што го гледам, завршен е договорот меѓу СДСМ и ДУИ каде дел е и ДПА и Беса во коалиција за основање влада. Мислам дека 13 август ќе биде симболичен ден на потпишувањето на Рамковниот договор во 2001 за членство на Македонија во НАТО.  Сега имаме членство на Македонија во НАТО на 13 август 2020м за стабилност“, вели Арбен Лала.

Според Лала, премиер Албанец беше само пропаганда во предизборната кампања но не ја отфрла можноста на премиерската фотелја 2 години да биде Насер Зибери а две Зоран Заев.

„Ова беше привлекување на гласачи, пропагандистички речник, секој лидер го прави тоа, не е нешто трагично. ДУИ секогаш попушта за стабилност, мир, за членство во НАТО. Пракса е да попушта и овој пат ќе попушти. Така како што и СДСМ ќе попушти а видовме остар речник на Зоран Заев кон ДУИ“, посочи Арбен Лала.

Според Лала, ВМРО-ДПМНЕ не е подготвена за коалиција поради тоа што треба да искорени корумпирани луѓе кои се уште имаат влијание во партијата. Но од оваа партија не објавуваат детали со која партија ги приближиле ставовите.

Од СДСМ велат дека на преговорите со ДУИ за формирање парламентарно мнозинство се договориле за неколку точки. Тие не откриваат со која партија сериозно преговараат.

„СДСМ започна сериозни, темелни преговори со претседатели и високи претставници на политички партии кои се дел од новиот собраниски состав, за формирање на демократска, политичка, одговорна Влада, која на прво место од својата агенда ќе ја има новата македонска економијa“, велат од СДСМ.

Од коалицијата “Сега е време“ велат дека ДУИ треба да замине во опозиција бидејќи немаат сила за да договорат премиер Албанец, ветување кое го дадоа во предизборната кампања.