СДСМ ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за инцидентите, опозиционерите бараат власта да го објави протоколот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од СДСМ обвинуваат дека насилните протести, тензиите но и, како што велат обидот за крваво инцидент за предизвикување етнички конфликт е сценарио на ВМРО-ДПМНЕ. Како главен режисер го посочуваат претседателот на партијата Христијан Мицкоски а дека главен координатор на случувањата е Драган Ковачки.

„Потребно е одговорност за насилството и за режираните крвави сценарија да понесат сите инволвирани. Која е поврзаноста на политичкиот дезертер од Армијата, Драган Ковачки со овие настани? Дали токму Ковачки ја коорднирал група на поранешни припадници на Армијата во ова крваво сценарио? Сите надлежни институции се повикани на брза и одговорна постапка и одговор на сите прашања“, рече Каевски.

Власта да не го крие Протоколот и веднаш да го објави, повикаа од ВМРО-ДПМНЕ и велат дека тие нема да гласаат внесување на Бугарите во Уставот.

„Го кријат протоколот со кој се бугаризира Македонија, се бугаризираат македонските херои и со кој на Бугарија и се дава можност да се повикува на документ со кој самите ќе се согласиме да се бугаризираме. Власта мора да ја слушне силата на аргументите, да престане да ја силува демократијата во државата и да престане да ја поларизира состојбата за која е директно одговорна. ВМРО-ДПМНЕ останува на цврсти позиции, промена на Устав – не доаѓа во предвид.“, вели Ковачки.

Владата веќе ја достави Информацијата за Преговарачката рамка до Собранието, за која очекува пратениците да расправаат и донесат заклучоци.