СДСМ ја започна кампањата за изборите на 8. мај – Ковачевски: Ветувам голема победа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ден откако ја напушти владата, екс премиерот Димитар Ковачевски вели дека се чувствува мотивиран за победа.

Лидерот на Социјалдемократите на средба со членовите и симпатизерите на СДСМ, вети “Европска Македонија“ уверувајќи дека ќе победат на 8 мај кога се очекува да се одржат парламентарните избори во Македонија.

Но исто мислат и во ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата на Христијан Мицкоски велат дека СДСМ сигурно ќе губи и дека по изборите треба да и стават клуч на партијата.

Политичките партии ја започнаа предизборната кампања, но се уште нема ништо конкретно за тоа со кого ќе соработуваат. Ковачевски вели дека граѓаните на изборите ќе можат да изберат дали ќе гласаат за коалицијата која ја сочинува европскиот фронт или од друга страна, ако што вели, за коалиција која е против членството во ЕУ.