СДСМ контра Арсовска: Градот нема пари за парно, а има за партиски вработувања

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Данела Арсовска вчера од студиото на ТВ21 во емисијата „Клик Плус“ побара од Владата да понесе одговорност околу немање на парно греење во Скопје.

Треба да се размислува однапред за она кое следи. Не може сега да кажете дека е некој друг виновен. Ова не е игра. Се знае кој ги има ингеренциите кој треба да помогне во оваа состојба. Единствени губат граѓаните. И тој што ја има моќта, треба да ја понесе одговорноста“-истакна Арсовска.

-Одговорноста треба владата да ја понесе затоа што не ја разрешила ситуацијата кога имала можност. Не размислувала кои се репекусиите кои може да настанат од зголемување на енергенсите на светските берзи. Тоа останатите земји го направија од 1-ви до 15-ти септември веќе имаа целосни стратегии.


„Владата треба да понесе одговорност“, вели Арсовска за останувањето на скопјани без парно греење – YouTube
Од владејачката СДСМ денеска испратија соопштение во кое ги обвинуваат градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалниците на општините во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ дека нема пари да ги покрие дел од трошоците за парно, а има за партиски вработувања.


Арсовска тврди дека Градот немал пари да се вклучи во субвенционирањето на цената на топловодна енергија. Владата ќе покрие 80% од разликата меѓу реалната и актуелната цена на парното греење, додека останатите 20 отсто треба да ги покрие Град Скопје заедно со општините кои се во состав на Градот. Очигледно Арсовска не планира да даде пари за скопјани да не плаќаат поскапо парно, а годинава ќе потроши 670.000 евра на 109 вработувања на партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.


Меѓутоа за ова реагираа од Град Скопје, од каде велат дека ова се лажни информации кои ги шири владејачката партија и додаваат дека станува збор за продолжување на договори на веќе ангажирани лица од градот.


Но, Арсовска очекува соработка меѓу централната и локалната власт за реализација на капителните проекти и доколку таа соработка ја нема рече дека ќе нема ни реализација на капиталните проекти.


Арсовска: Ако нема соработка со централната власт нема да може да се реализираат проектите


И мојата програма во голем дел се темели дека сите оние капитални проекти, едноставно неизбежно е да се сработат во соработка меѓу локалната и централната власт. Ако ја нема таа соработка, нема да може да се реализираат, а проектите се од интерес и од локалната и од централната власт“.


„Ако интересот на граѓаните му е приоритет на новиот премиер, очекувам да имаме соработка“, рече Арсовска.