„Мицкоски свесно ги крши забраните, ја злоупотребува полицијата и работи на штета на граѓаните. Скандалозното и неодговорно однесување на Христијан Мицкоски ја отсликува матрицата на ВМРО ДПМНЕ, каде што ништо не сменето и единствената идеологија е да се работи за личен интерес и да се наштети на граѓаните. Христијан Мицкоски, не само што се криеше од инспекторите во кафеана на сред Скопје, туку и побарал структури на техничкиот министер на МВР , Наќе Чулев да му помогнат да си го сокрие делото“, велат од СДСМ.
„СДСМ е најголемиот и најопасниот кластер на Ковид 19. За тоа доказ е пола од раководството кои се позитивни на Ковид 19.Тоа само покажува дека СДСМ не ги почитуваат препораките од здравственоте власти. Вчера излезе бројка од 180 новозаразени што е доказ дека владата на СДСМ е неспособна да се справи со ситуацијата. Сега сите други им се виновни освен самите тие. Наместо да се погрижат да се надмине оваа ситуација тие сакаат да собираат политички поени за да го ублажат поразот“, возвратија од ВМРО-ДПМНЕ.
