СДСМ: Потегот на Димитриевски го олеснува изборот на граѓаните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од СДСМ денеска излегоа со реакција по повод најавената независна кандидатура на актуелниот градоначалник Максим Димитриевски.

Од таму велат дека потегот на Димитриевски го олеснува изборот на граѓаните.

„Тој што им врти грб на граѓаните, на поддржувачите на демократската и прогресивната опција, на членството и базата на СДСМ, не може да биде најдобра опција за кумановци. За СДСМ, интересот на граѓаните на Куманово бил и секогаш ќе биде пред интересот на Максим Димитриевски или бил чиј друг личен интерес“, посочуваат од СДСМ.

Во реакцијата се додава дека СДСМ ќе ја даде најдобрата понуда за граѓаните на Куманово на овие локални избори, а името на кандидатот ќе биде објавено наскоро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: