СДСМ: Со НАТО граѓаните може да бидат спокојни – Мицкоски: На рускиот амбасадор му кажав дека ја поддржувам Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Воената агресија врз Украина и загрозувањето на нејзиниот суверенитет, покажува колку безбедноста и сигурноста на граѓаните може лесно да биде загрозена. Нашите граѓаните се сигурни и можат да бидат спокојни, како членка на НАТО, ја уживаме заштитата на најмоќниот одбранбен сојуз во светот-велат од СДСМ. Додаваат дека воените судири ќе ја продлабочат енергетската криза но, исклучително е важно што владата предводена од СДСМ правилно се постави.

„За нас, овој историски успех, ова исполнување на стратешката цел да бидеме членка на НАТО значи сигурност и безбедност на граѓаните. НАТО за нас значи обезбеден суверенитет и територијален интегритет“, истакна Богданка Кузеска.

Мицковски пак, денеска изјави дека можен е нов ценовен шок на енергенсите, додека државата сè уште одбива да се откаже од акцизата за горива која ја зголеми. Нема никаква дополнителна набавка на стокови резерви во состојба кога целиот регион посветува внимание на оваа тема.

„Додека Ковачевски ја распродаваше Македонија преговарајќи за идентитетот, газејќи дебели црвени килими и седејќи во удобни кожни фотелји во Брисел, разговарајќи со Петков, распродавајќи го достоинството, додека го продаваше она кое ни е преостанато и наследено од нашите предци кои со глава го платиле ова што ние денеска го живееме, јас имав состанок со амбасадорот на Руската Федерација во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, уште пред 20 дена и гледајќи го во очи јасно му кажав дека го поддржувам територијалниот интегритет и суверенитет на секоја независна држава како што е Украина“, вели Христијан Мицкоски.

Тој додава дека енергетската криза нѐ чинела до сега повеќе од 200 милиони евра. Средства кој можело да се искористат за справување со инфлацијата.

Од 1090 проекти кои се започнаа со реализација, дури 166 се капитални објекти низ целата територија на Македонија велат од ВМРО-ДПМНЕ во отчетот за сработено во првите 100 дена од мандатот на градоначалниците  пред граѓаните на општините Велес.