На акцијата која вечерва ја организираше ВМРО-ДПМНЕ во помен на починатите од коронавирус, реагираа од СДСМ. Од таму велат дека партијата е некрофилна и дека повторно се злоупотребува смртта на стотици граѓани.
„Починатите и заболените од Ковид 19 не се статистика не се само обична бројка за ДПМНЕ-Некрофилна да прави настани и перформанси, да ги злоупотребува во очајната трка за политички поени. За каква мобилизација зборува ВМРО-ДПМНЕ кога токму некрофилот Христијан Мицкоски партиски ги делеше здравствените работници, за каков пристап зборува ДПМНЕ-Некрофилна кога токму нивен кадар во преодната Влада кочеше помош од Светска Банка за опремување на болниците? ВМРО-ДПМНЕ секојдневно го допира дното на најсложената тема, оваа партија мора да престане со обидите да профитира од несреќата на граѓаните. Тоа не е прашање на политички чин туку на нужност“, се вели во испратената реакција од СДСМ.
