СДСМ: Уште една потоната лага на ВМРО-ДПМНЕ, 33 милиони денари вреди целиот проект

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СДСМ реагираше по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за тревникот на плоштадот. Од опозицијата излегоа со обвинувања дека власта потрошила пола милион евра за тревникот.

„Не престануваат лажните вести и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ.

Истата таа партија која безмилосно ги трошеше парите на граѓаните на евтини проекти од стиропор, жални врби, палми, градски плажи, галии, споменици од проектот Скопје 2014 и што уште не,  денеска зборува за расфрлање на пари од страна на градската власт.

Неспоредливо и немерливо е што направи ВМРО-ДПМНЕ за своите 11 години владеење и СДСМ за досегашните 3 години.
Матни зделки и тендери и нереални милионски суми е она што го одбележува времето на ВМРО-ДПМНЕ како власт, а лажните вести се нивно обележје кога се опозиција. 

Заради таквото криминално расипништво на ВМРО-ДПМНЕ, денес се водат и бројни судски случаи и се бара одговорност.
Токму тревникот на плоштадот е местото кое во време на ВМРО-ДПМНЕ беше продадено и на него беше стекната приватна сопственост. Нечуено и невидено е на сам плоштад на главен град да се отуѓи државен имот и да продаде на приватно лице.

И зад таа продажба стои уште едно расипништво на ВМРО-ДПМНЕ, проектот „Шпански скали“ која вклучува 20 метарска зграда, проект кој беше еднострно раскинат од Владата предводена од СДСМ.
Уште една лага во низата на ВМРО-ДПМНЕ е и вредноста на тревникот од милионски суми на парцелата која поради тоа што е приватна сопственост Градот не може да ја урбанизира.
Вистината е дека Градот Скопје инвестираше 33 милиони денари за целосно уредување на плоштадот и кровот на ГТЦ“, велат од СДСМ.